АНКЕТА ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА НАВИКИТЕ ЗА ПАТУВАЊА ВО СКОПЈЕ


Добредојдовте!

Почитувани граѓани на Скопје


Познавањето на навиките при патувањата на граѓаните е од круцијално значење за идното планирање на урбаниот транспортот во градот во согласност со потребите за патување. За таа цел неопходно е да се спроведе истражување на побарувачка за патувања преку кое ќе се добијат статистички податоци за навиките на патување односно користењето на различните видови на транспорт како и ставови односно мислења на граѓаните во врска со политиките за урбаниот транспорт, сообраќајната инфраструктура и транспортните услуги.
Резултатите од истражувањето ќе се користат за дефинирање на мерки за подобрување на ефикасноста на транспортната мрежа, намалување на влијанието од сообраќајот врз животната средина, обезбедување на пристапни опции за транспорт за граѓани, осигурување на безбедност во урбаниот транспортен систем и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
Истражувањето на побарувачката за патување се врши за потребите на изработката на новиот Генерален урбанистички план на Град Скопје и истото се врши во рамките на проектот за Ажурирање на транспортниот модел на Град Скопје, чијшто инвеститор е Град Скопје. Истражувањето на побарувачката за патување ќе се реализира преку анкета на домаќинства. Анкетата е наменета за сите граѓани кои живеат во Скопје и истата ќе се спроведува во периодот од 01.04.2024 – 01.06.2024 година. Анкетата е целосно анонимна односно Вашето име ниту името на било кој член на домаќинството не е потребно, а вашите одговори се потребни само во само својство на статистички податок. Со учество во анкетата ќе го дадете својот придонес во унапредување на сообраќајната инфраструктура и транспортните услуги во Скопје.

Доколку имате проблеми или прашања во врска со пријавувањето може да не контактирате преку формата КОНТАКТ